April 24, 2024, 12:06 am

Скопје доби приватен рингишпил, Градот не одговара кој ја гарантира безбедноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патувачки забавен парк со 20 атракции од кои 10 адреналински пристигна во метрополата. Сместен е кај спортскиот центар Борис Трајковски и според најавите овде ќе остане до 15-ти јуни.

Посетителите велат дека не се плашат за безбедноста на реквизитите, а и вработените тврдат дека тие биле сигурни.

– Добро е, супер, мислам дека лулашките се безбедни, ги носиме децата тука, забавно е, велат посетителите пред камерата на Алфа.

Сепак, останува прашањето кој врши контрола на безбедноста на овие атракции. Од Град Скопје за Алфа велат станува збор за отворен парк на приватна парцела за кој немаат никаква надлежност. Немаа одговор на прашањето кој врши безбедносни проверки и контроли на техничката исправност.

– Градот Скопје нема никаква надлежност за давање на дозволи за работа на вакви паркови ниту пак за контрола на нивната безбедност и за исправноста на реквизитите, велат од Град Скопје.

Метрополата нема во скоро време да добие нов забавен парк, потврдија од Град Скопје. Проектот за обнова на Луна Паркот е заглавен.

– Во моментов се работи новиот проект, во кој треба да се земат предвид и да се инкорпорираат и идеите од стариот, поточно веќе направените инвестиции во инфраструктурата, велат во Град Скопје.

Луна Паркот веќе неколку години не функционира. Градот под раководство на Коце Трајановски најпрвин бараше приватен инвеститор, а откако не најде се одлучи самостојно да го обнови. По доаѓањето на Петре Шилегов активностите беа запрени и процедурата вратена на почеток.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This