April 25, 2024, 11:53 am

СКОПЈЕ НЕБЕЗБЕДНО: Голем број на инциденти за само 24 часа во главниот град

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бурен ден вчера во Скопје, ова може да се заклучи кога ќе се погледне дневниот билтен на МВР. Неколку инциденти со повредени лица, а не се сообраќајни несреќи, како што најчесто знае да биде.

Фото: Flickr/Марјан Лазаревски

 

Во еден од случаите кои вчера граѓани ги пријавиле во полиција една трудница, во седмиот месец од бременоста заврши во болница откако била удирана со тупаници, клоци и дрвена палка. Имено, на улицата „Владимир Комаров“, во барака, Ф.К.(30) заедно со неговата сопруга С.Д.(22) физички ги нападнале М.Е.(32) и неговата сопруга М.Д.(29). М.Е., неговата сопруга и нивниот син почнале да бегаат, но Ф.К. и С.Д. ги пристигнале и почнале да ги удираат со тупаници, клоци и дрвена палка. Била повикана Итна медицинска помош и повредените биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде М.Д. која што била во седми месец на бременост, била прегледана од страна на лекар и била задржана.

Два случаи има каде жртви се пак малолетни лица. Едниот кај Трговскиот центар во Лисиче, а другиот во населбата Маџари.

На улицата „Гаврил Константиновиќ“, поточно во Трговскиот центар Лисиче, Д.Ј.(36) го нарушила јавниот ред и мир со физички напад над две малолетни девојчиња. На девојчињата им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Вториот инцидент се случил во Маџари, каде нападното било 12 годишно девојче. 37 годишниот Е.Б пријавил дека вечерта околу 21:00 часот на улица „Маџари“ од страна на Р.С. нападната била неговата ќерка.

Два инциденти пак се случиле во текот на минатата ноќ во угостителски објекти. 20 годишниот Д.Ш. од Скопје пријавил дека вчера во 23:00 часот на улицата „Аминта Трети“, во кафе бар во центарот на Скопје, тој и неговиот другар, 20 годишниот А.С. биле физички нападнати од страна на две непознати лица. Според пријавеното, еден од напаѓачите го удрил Д.Ш. со стаклено шише.

Вториот инцидент во угостителски објект се случил во кафеана во Општина Аеродром. На булеварот „Јане Сандански“ во угостителски објект Д.М.(30) бил физички нападнат од страна на И.Б.(38) и уште две лица. Во еден момент И.Р.(32) со намера да ги раздвои лицата од оштетениот, бил исто така физички нападнат.

Од МВР за сите инциденти информираат дека се работи на целосно расчистување на случаите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This