СКОПЈЕ ПОЗАГАДЕНО ВО 2018 ОД ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА: Извештајот на Гринпис и AirVisual за загадувањето со фрапантни податоци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според последниот извештај на Гринпис и AirVisual објавен за земјите со највисоко загадување на воздухот во светот за 2018 година Скопје е позагаден град во однос на 2017-та година.

Според извештајот, загадувањето на воздухот во 2019 година ќе предизвика околу 7 милиони предвремени смртни случаи и ќе има големо негативно економско влијание.

Климатските промени “значително ги влошуваат ефектите од загадувањето на воздухот со менување на атмосферските услови и зајакнување на пожарите” – се вели во извештајот.

Загадениот воздух содржи хемикалии како што се сулфати, нитрати и саѓи, кои предизвикуваат белодробни и срцеви заболувања. Тие дури можат да предизвикаат рак.

Во текот на зимските месеци, Скопје честопати водеше на листа на земји со највисоко загадување на воздухот во светот. Вредноста на загадувањето на воздухот често беше алармантна.

Само во ланскиот јануари Скопје бил во нездравата зона, во ноември и декември во нездравата зона за осетливи групи, додека во останатите месеци воздухот бил поднослив. Главниот град ниту еден месец не бил во зелената зона.

Вкупно, ситуацијата се влошила со просек од 34. во 2018 во споредба со 32,5. во 2017-та.

Битола, Куманово и Тетово биле уште позагадени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This