СКОПЈЕ РУШИ РЕКОРДИ: Скопје е четврти најзагаден град во светот- регистрирани ниво на загаденост од 600 mg/m3 ПМ-10 честички

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петре Шилегов пред локалните избори ветуваше експресно решавање на проблемот со загаденоста на воздухот. Но, повеќе од 3 месеца Скопје буквално се гуши во загадениот воздух. Како изнаоѓање на решенија и подобрување на квалитетот на воздухот локалната власт ја поскапи водата со објаснување дека поскапа вода значи и подобра животна средина.

Скопје повторно се наоѓа на врвот на светската ранг лист за за градови со најзагаден воздух. Имено нивото на загаденост во текот на ноќта беше алармантно и изнесуваше до 600 mg/m3 ПМ10 честички, со што Скопје се најде на 4-то место во топ 5 најзагадени градови во светот.

Мерните станици на квалитет на воздухот на повеќе локации низ градот измерија огромно загадување на сите мерни станици во Скопје од 4 до 12 пати над дозволениот максимум.

Скопје оваа зима руши рекорди, највисоки концентрации се забележани синоќа на мерните станици Лисиче или 600 микрограми на метар кубен и Ректорат односно 530 микрограми на метар кубен ПМ-10честички.

Покрај Скопје огромно загадување е регистрирано и во Струмица со 500 микрограми на метар кубен, Гостивар со 330, Велес 245 и Тетово со 240.

Петре Шилегов пред локалните избори ветуваше експресно решавање на проблемот со загаденоста на воздухот. Но, повеќе од 3 месеца Скопје буквално се гуши во загадениот воздух. Како изнаоѓање на решенија и подобрување на квалитетот на воздухот локалната власт ја поскапи водата со објаснување дека поскапа вода значи и подобра животна средина.

Во Скопје загаденоста повторно руши рекорди. Мерната станица кај Ректорат спроти Мавровка измери присуство на ПМ10 честички од 533 mg/m3, што е 10 пати над дозволеното, во Лисиче нивото на ПМ10 е 458 mg/m3 , додека во Гази Баба измерени е присуство на ПМ10 честички од 287 mg/m3 .

Скопје оваа зима руши рекорди, градот се наоѓаше на светските мерни страници на загаденоста на воздухот.

Скопје неколку пати беше најзагаден град во светот, пред најзагадените градови како Калкута, Шангај, Бомбај, Њу Делхи, Лахоре и Дака.

Додека градот се гуши, градоначалникот Петре Шилегов нема решение за проблемот, ниту пак нешто презема за негово изнаоѓање.

Пред локалните избори Шилегов ветуваше експресно решавање на проблемот со загаденоста на воздухот. Повеќе од три месеци загаденоста е на исто, удри и поголем ниво, а локалната самоуправа, но и владата немаат решение за овој проблем.

Наместо инвестиции за подобрување на квалитетот на воздухот, градската власт реши да ја зголеми цената на водата.

Градската администрација наместо изнаоѓање предлози и решенија за подобрување на квалитетот на воздухот се ангажира за пресметки и изготвување на материјали за зголемување на цената на водата,, што од февруари оваа година ќе удри по џебот на скопјани.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This