СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Највисоката концентрација на ПМ10 честички беше измерена во текот на ноќта во Лисиче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високи концентрации на штетните ПМ10 и ПМ2.5 честички во текот на изминатите денови.

Највисоката концентрација на ПМ10 честички беше измерена во текот на ноќта во Лисиче, каде што беа измерени 642 µg/m3, а загаденоста таму беше висока и утрово.

Утрово концентрациите на ПМ10 честичките се движат од 129 во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат и 230 во Лисиче.

Воздухот во Скопје е загаден , а концентрациите на ПМ10 честичките оттогаш се над дозволеното ниво од 50 микрограми на метар кубен и достигнуваат вредности од 200 до 600 микрограми.

За попладнево е најавен засилен јужен ветер, кој што се очекува да доведе до расчистување и намалување на загаденоста.

Воздухот во Скопје не бил загаден на 1, 2 и 3 декември. Месечните извештаи покажуваат дека во ноември скопјани дишеле воздух меѓу 19 и 26 дена. Во Гази Баба воздухот бил загаден 19 дена, во Центар и Карпош 20, Лисиче 25 и најмногу кај Ректоратот- 26 денови.

Загадени се и Тетово, Битола, Велес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This