СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Не функционираат мерните станици каде е најзагадено во Гази Баба и Лисиче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопјани се гушат, болниците се полнат, а министерството за животна средина дури догодина ќе обезбеди нови инструменти за мерните станици кои ја покажуваат загаденоста на воздухот.  Иако социјалните мрежи вријат, а протести за чист воздух се почесто се одржуваат сепак власта останува глува на барањата на граѓаните, делотрворни мерки нема, а и парите одвоени од буџетот за решавање на овој проблем се мали, сметаат екологистите.

Додека да се набават новите инструменти за мерните станици, нефункционални остануваат мерните станици во Гази Баба и Лисиче, кои се едни од најзагадените населби во Скопје.

Освен што граѓаните не можат соодветно да се информираат колку е загаден воздухот што го дишат, нефункционирањето на инструментите во Лисиче и Гази Баба е проблематично затоа што според резултатите од овие мерења се воведуваат предвидените итни мерки.

За воведување на итни мерки потребно е барем две мерни станици во Скопје да покажат среднодневна концентрација на ПМ10 честички над 200 микрограми на кубен метар во последните два дена.

Ова значи дека дури и да има вакво надминување на мерните станици во Лисиче и Гази Баба, кои притоа секогаш се едни од најзагадените населби, тоа нема да биде евидентирано и не ќе може да се преземат мерки.

Според Европската агенција за животна средина, повеќе од 3.000 лица годишно умираат како резултат на загадениот воздух во Македонија, а тоа е нотирано и во последниот европски извештај за квалитетот на воздухот.Македонија е прогласена за земја со најзагаден воздух и во врвот по бројот насмртни случаи по глава на жител, покрај Косово, Србија, Унгарија и Бугарија.

Според Светската здравствена организација, смртноста од последици од загадениот воздух во Македонија е над 125 лица на 100.000 жители, повеќе од двојно повисока од европскиот просек, кој е 60 прерани смртни случаи годишно на 100.000 жители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This