April 23, 2024, 10:08 pm

Скопје ќе доби Јура парк и ќе се впише на светската мапа за атракции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоолошкаа градина во Скопје ја потврдија информацијата дека Скопје за првпат ќе добие Јура парк и со тоа ќе се впише на мапата на светски атракции.

“Се надеваме дека наскоро ќе се создадат услови за и во Скопје Зоо да донесеме една од главните светски атракции”, стои на официјалната фејсбук страна на Зоолошката градина Скопје.

Портпаролката Тина Мицковска, информира дека моментално Зоо-Скопје работи на проект за Дино парк, кој од пролет наредната година да почне да се реализира.

– Станува збор за авантуристичка атракција со 50 диносауруси во природна големина кои испуштаат крици и се движат и кој би бил во рамките на Зоолошка градина. Во преговори сме околу изведбата на паркот, како и со потенцијални спонзори кои ќе го потпомогнат проектот, вклучително и градот Скопје, кој треба да ни даде поддршка – изјави Мицковска за весникот “Вечер”.

Вакви слични тематски Јура паркови има во големите светски и европски метрополи. Во наша близина ги има во Белград и на Златибор – соседна Србија, како и во Словенија.

– Редно е и Скопје да добие Дино атракција, како и едукација за најголемите животни кои некогаш постоеле на планетата – вели Мицковска.

Извор: Вечер

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This