СКОТЛАНД ЈАРД СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ: Откриена можната локација каде Скрипаљ бил отруен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истражувачите на Скотланд Јард дојдоа до заклучок дека поранешниот полковник на ГРУ Сергеј Скрипал, кој работел за британската разузнавачка, и неговата ќерка Јулија за прв пат се изложени на токсични материи во нивната куќа.

“Како резултат на криминалистичкото и научно истражување на случајот, истражувачите веруваат дека Скрипал и неговата ќерка за прв пат биле изложени на нервен агенс во нивниот дом. Експертите пронашле досега највисока концентрација на токсини на влезната вратата од куќата “, се вели во соопштението на полицијата.

Траги од супстанцијата која е пронајдена во домот на Скрипал биле пронајдени на неколку места во градот Солсбери, но со помала концентрација отколку во нивната куќа, се вели во соопштението.

Во изјавата на Скотланд Јард, се вели дека истрагата ќе се фокусира, пред се на куќата во која живеел Скрипаљ, бидејќи таму е откриена највисоката концентрација на отровниот агент. Лондонската полиција, посочи дека истрагата ќе потрае неколку недели, а можеби и месеци.

Истрагата вклучува 250 истражувачи-експерти во борбата против тероризмот, како и бројни експерти и специјалисти од партнерските организации.

Односите меѓу Русија и Обединетото Кралство брзо се влошија поради инцидентот во британскиот град Солсбери, каде поранешниот полковник на ГРУ, Скрипал, кој работел за британските разузнавачки служби и неговата ќерка Јулија, биле отруени. Британската страна тврди дека Русија е вклучена во труењето на Скрипала со нервниот агент А-234, што Русија категорично го негира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This