Скулпторката Гордана Хаџи-Николова Малашев почина на 43 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скулпторката Гордана Хаџи-Николова Малашев почина вчера на 43 години во родниот град Гевгелија, соопшти Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Таа е годинашната добитничка на наградата за современа скулптура „Академик Боро Митриќески“, за делото „Сѐ уште жив“ на изложбата насловена „Современа скулптура“, која во април годинава беше отворена во галеријата на МКЦ.

Делата на Гордана Хаџи-Николова Малашев скриени длабоко некаде во нејзината потсвест излегуваат од ударот на нејзиното длето во својата најчиста и најискрена форма со едноставни, мирни и чисти површини. Од подножјето на парчето дрво, обработено со длето, се ослободува фигурата која со својата совршена површина остава впечаток како да се лизнало од грубата материја и се престорило во смисла на зборот во ’раѓање на формата’“, велат од ДЛУМ.

Хаџи-Николова Малашев е дипломец на Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) во 2000, отсек вајарство во класата на професорот Драган Попоски-Дада, а во неговата класа и магистрира во 2003. Работела како виш конзерватор во Музејот во Гевгелија. Била член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ДЛУМ од 2000 на ДЛУГ – Друштво на ликовни уметници на Гевгелија од 2004 и на ДЛУБ – Друштво на ликовни уметници на Битола од 2009.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This