СЛАВА НА ДРЖАВНА СМЕТКА: Алаѓозовски на куќна слава кај Стојанче Ангелов со службено возило и обезбедување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големиот христијански празник Св. Архангел Михаил вчера беше одбележан и во домот на семејството Ангелови, а почесен гостин на прославата беше и министерот за култура Роберт Алаѓозовски кој отпатува во Штип специјално за прославата на празникот на покана на Стојанче и Јасминка Ангелови

 

Куќната слава на семејството Ангелови вчера беше „збогатена“ и со присуството на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој специјално отпатува во Штип на покана на Стојанче и Јасминка Ангелови.

Алаѓозоски на приватната прослава пристигна со службеното возило на министерството за култура и уште едно возило обезбедување. Секако, на државна сметка, од парите кои владата со зголемените акцизи и даноци ги зема од граѓаните.

Искомплексираноста на кадрите на СДС од 12-годишната опозициска сага, сега се манифестира преку расипништво и прекумерно трошење на народните пари, додека министрите и директорите поставени од Заев уживаат патувајќи низ светот во прва класа, или пак со службените автомобили.

Како тоа да не е доволно, министрите како Шеќеринска за својот кабинет си нарачуваат и бадеми, фстаци, жестоки пијалоци, морска храна, а сето тоа го финансира буџетот кој оваа година ќе се полни преку зголемените даноци, зголемената акциза, задолжувањето од 1 милијарда евра и намалените субвенции.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This