СЛАВЕВСКИ: Македонија се стави на мапата на странски инвеститори по заслуга на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата Отворено на Алфа членот на извршниот комитет Трајко Славески кажа дека програмата на ВМРО-ДПМЕ е полна со иновации кои што се темелат на позитивните искуства од економските прашања и големата експертиза со која што располага ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека искуството на луѓето и тимовите се преточени во оваа програма и дека ВМРО-ДПМНЕ моментално е уште поподготвено. Славески кажа дека изборната програма би се презентирала доколку има можност за такво нешто.

На новинарско прашање дали ќе има поголем број на инвестиции во земјава после промената на името, членот на извршниот комитет Трајко Славески истакна дека потребна е институционална трансформација и консолидација и дека тој нема слушнато најава за доаѓање на некоја поголема инвестиција во Македонија.

-Нема најави за некоја навалица на странски инвестиции, секако има желби и очекувања и добро е да се консолидира Македонија после оваа длабока криза односно да се консолидираат институциите, рече Славески.
Тој исто така кажа дека поголемата заслуга за ставање на Македонија на мапата на странски инвеститори ја имаат владите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Процесот на провлекување на инвестиции и поставување на основата институционална која ја признаваат и претставници на Владата на СДСМ дека беше поставена на здрава основа е заслуга на вчадите на ВМРО ДПМНЕ напорите кои што се направија Република Македонија да се стави на мапата на странски инвеститори, истакна Славески.
Славески кажа дека треба да се мерат резултатите на Владите, а не очекувањата и ветувањата кои што се презентираат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This