СЛАВЕЛЕ И ВО „МЕРИОТ“: Осумтемина се частеле со јастози и шампањ – Канческа-Милевска влегува во владиниот кабинет на Заев!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен прослава во Собранието во организација на 81 пратеник кои гласаа за промена на името, во текот на ноќта прослава имало и во „Мериот“, дознава „Инфомакс“ од добро упатени извори

 

Од она што го дознаваме, осумтемина „одметнати“ од ВМРО-ДПМНЕ со силна полициска придружба од Собранието со четири автомобили биле префрлени во хотелот, каде во ВИП делот, наводно, биле пречекани од екс-министерот за здравство, еден актуелен градоначалник и брат на висок владин функционер.

Прва од прославата си заминала Нола Исмајловска – Старова, која се задржала околу 40-тина минути, бидејќи дои новороденче.

Честитки паднале на сметка на Елизабета Канческа – Милевска, за која се шпекулира дека договорила владина функција. Според информациите на „Инфомакс“, Канческа – Милевска најверојатно ќе добие министерско, односно, вицепремиерско место во владата на СДСМ.

Сашо Василевски, добил ветување за директорско место во Охридската болница, а наводно веќе му била издадена и лиценца за производство на медицинска мapиxуaнa.

Во случајот со Авировиќ била ветена слобода за нејзиниот син, но и загарантиран бизнис со државни тендери. Слично побарале и им било ветено и на останатите пратеници од групата „одметнати“.

На прославата се послужиле со јастози и пенливо вино.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This