СЛАВЧО ПОПОСКИ СО НАЈНОВИ НАЈАВИ: Освен африканска топлина деновиве следува транспорт на прашина и песок од Сахара!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Африканска топлина која е невообичаена за овој дел од годината, односно за почетокот на месец март, исто така и релативно високата влажност во воздухот на некои места ќе услови појава и на спарина а ова секако лошо ќе влијае особено врз метеопатите па така деновиве да не се чудат доколку почувстуваат главоболка како и повремена нервоза но и несоница, како и тежина во главата и телото, тоа е од една страна додека од друга страна поради изразеното југозападно воздушно струење од Сахара кон нашата држава ќе се изврши транспорт на прашина и песок од пустината Сахара што значи дека и атмосферата ќе биде позаматена.

Температурите на воздухот како што веќе кажавме ќе бидат дури за десет степени повисоки од нормалните и на многу места ќе се искачуваат до околу 20 степени додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до рано – летни 25 степени, ваквата ситуација понатаму секако ќе создаде зголемени услови за будење на природата, односно за расцутување на овошките.

Времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност која локално накратко има услови да биде и позначителна а оваа ноќ како и во сабота има услови и за слаб локален дожд, ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

Подготви: Славчо Попоски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This