April 23, 2024, 11:14 pm

Славчо Попоски: Сушата заврши, интензивни врнежи од дожд условува циклонот Маријан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До крајот на денов како и во текот на ноќта и понатаму ќе продолжат врнежите од дожд додека само на високите планини ќе има услови за врнежи од снег. До крајот на денов поинтензивни врнежи ќе има на запад каде има услови и за ретки грмежи, додека во текот на ноќта од југозапад поинтензивни врнежи ќе се поместуваат кон северните и источните предели.

Утре (среда) особено претпладне и тоа претежно на југоисток и на југ ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Попладне и навечер врнежите ќе се намалат и локално ќе престанат.

Потоа во следните денови ќе има услови за повремен локален дожд но со послаб интензитет.

Според најновите направени анализи нови поинтензивни врнежи ќе има од недела навечер.


Максималните дневни температури на воздухот во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот претежно од 7 до 14 степени, нешто потопло ќе биде утре (среда) со максимални дневни температури од 10 до 17 степени.

Инаку светски познатата апликавика ACCUWEATHER излезе со прогноза за многу дождови денес и температура до 12 степени во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This