СЛАЃАНА МИТОВСКА: Од материјалите се гледа дека најлоши менаџери се градоначалниците на Куманово, Охрид, Тетово и Карпош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната расправа во Собранието пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска истакана дека со овој начин на финансирање каде што ќе бидат исплатени 50 милиони евра на општините се покрива лошото менаџирање и лошото работење на градоначалниците во општините.

-Од материјателите коишто ги добивме се гледа дека најлошо менаџирале или најнедомаќински работеле градоначалниците на општините Куманово, Охрид, Тетово и Карпош потенцираше пратеничката Митовска. Митовска додаде дека и самиот заменик министер споменал дека овие долгови датирале уште од 2004 година, што значи дека од овој период од 2004 година до денес оние градоначалници кои со текот на времето работеле одговорно и имале визија и план како постепено да ги вратат долговите, успеале на крајот од нивниот мандат или да ги намалат или целосно да расчистат со долговите.

-Но, оние градоначалници коишто продолжиле уште повеќе да ја задолжуваат општината, вие сега ги наградувате, додаде Митовска.

Таа уште истакна дека ова е еден лош пример за тоа како треба да работат градоначалниците во иднина и на овој начин се поттикнуваат, поддржуваат да работат недомаќински, да трошат средства од буџетот на општината за што треба, за што не треба без притоа да остават подобра инфраструктура, да изградат некои објекти кои ќе останат за жителите на таа општина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This