СЛАЃАНА МИТОВСКА: Референдумот не е успешен и со тоа требаше да се заврши целата постапка, требаше да застанеме тука и работите да течат поинаку

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова Влада како и почетокотод својот мандат така и сега работи противуставно и противзаконски, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска денеска на собрансиката Комисија за уставни прашања.

– Почитувани колеги од парламентарното мнозинство сметам дека овие измени не би требало да ги прифатите затоа што од формално-правен аспект сите овие уставни измени го кршат темелните вредности на Уставот, уставниот поредок и кршат неколку членови од Уставот. Исто така со уставните измени не ја испочитувавте волјата на над еден милион граѓани. Над еден милион граѓани се потценети од претставниците од Владата, тие проценија дека овие граѓани, не сакале да одлучуваат по однос на спогодбата со Грција, истака Митовска.

Таа потенцираше дека тишината на над еден милион граѓани кои не излегле да гласаат е многу погласна и многу појасна и од оние што излегле.

– Референдумот не е успешен и со тоа требаше да се заврши целата постапка, требаше да застанеме тука и работите да течат поинаку, да има еден нов сосема нов почеток во кој што сите ќе бидеме вклучени. Ако сакаме конструктивна опозиција и сакаме да го почитуваме мислењето на граѓаните тогаш треба заедно опозицијата и власта да седнат и да прегавораат. Ова не е обичен закон ова е клучлно прашање кое што се однесува на сите граѓани на Рпеублика Македонија, додаде таа.

На крајот Митовска потенцираше дека одлуката од референдумот е задолжителна за сите пратеници и Владата, но спротивно на ова Владата продолжи со спроведување на договорт со Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This