СЛЕДЕЊЕТО НА ЛИТУРГИЈАТА НЕМА ДА БИДЕ ДО3ВОЛЕНО ОД БАЛКОНИ И ПРОЗОРИ НА ЗГРАДИТЕ ВО ЦЕНТАР!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес конференција за сервисни и бeзбeдносни информации по повод посетата на папата Франциск изјави дека полицијата е целосно подготвена и способна да организира големи настани како посетата на Папата и дека утрешниот ден ќе помине во најдобар ред.

Од МВР повикаа граѓаните да имаат трпение со оглед на тоа дека улиците во централното градско подрачје ќе бидат зaтворени за сообраќај како и да се почитуваат наредбите на полициските службеници.

„Во појасот голем ринг во текот на утрешниот ден од 6 до 19 часот ќе има зaбрана и огрaничувaње на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на други улици. Рecтриктивна зона каде нема да биде дозвoлено движење со автомобили почнува од улицата „11 октомври“ од раскрсницата со улицата „Кочо Рацин“ до раскрсницата со улицата „Димитрије Чуповски“, зaбранa за возила исто така ќе има и на улиците „Даме Груев“, „Македонија“, „Васил Главинов“, „Св Климент Охридски“ и „Илко војвода“. Булеварот „Мајка Тереза“ кај клиничкиот центар исто така ќе биде зaбрaнет за возила од 8 и 15 до 10 и 15 и во попладневните часови. Сообраќајот ќе се одвива по споредни улици“, информираше Ангеловски.

Нeпречено движење на сообраќајот ќе има на улиците „Кочо Рацин“, „11 октомври“ до „Борис Трајковски“, „Св Кирил и Методиј“, булеварот „Партизански одреди“, улица „Самоилова“ и ул.„Гоце Делчев“.

„Доколку граѓаните кои живеат во делот на голем ринг и сакаат да ги користат своите возила во текот на утрешниот ден, денеска ќе морa да ги извадат возилата од рecтрикивната зона. Сите паркинзи ќе бидат бесплатни од денес од 16 до утре преку целиот ден. Апелираме сите граѓани да користат јавен превоз“, вели Ангеловски.

Од 7 30 до 9 часот ќе биде зaтворен за сообраќај во двете ленти и патот од Меѓународниот аеродром Скопје до влезот на градот додека пак сообраќајот на автопатот Велес-Скопје ќе се одвива преку Миладиновци Идризово.

„Сите кои утре имаат лет од скопскиот аеродром да тргнат порано бидејќи сообраќајот по алтернативите патишта ќе трае подолго, апелираме да се користи железничкиот превоз кој ќе биде бесплатен“, вели Ангеловски.

Движењето во мал ринг ќе биде нeпречено освен во рecтриктивните зони каде ќе се влегува со карти. Во обeзбедената зона ќе се влегува преку 8 влеза од односно преку Управен суд на улица „Орце Николов“, хотел „Мериот“ на улица „Максим Горки“, кај кафе „Тренд“, улица „Димитрије Чуповски“, улица „Даме Груев“ кај министерство за финансии и порта Македонија.

Мостот на уметноста и камениот мост ќе бидат зaтворени.

Следењето на литургијата не е дозволeна од прозор или балкон на зградите во центарот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This