April 27, 2024, 12:49 am

СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ПОВИСОКИ СМЕТКИ ЗА ВОДА: Во опозиција бараа поефтинување, на власт ја поскапеа водата – и нафтата, и даноците….

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата градска власт во Скопје преку соопштение на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги информираше граѓаните дека цената на водата ќе биде покачена за 7% по метар кубен, односно од сегашните 29.39 денари на 30.71 денари. Ова е сосема спротивно на сите барања и ветувања на СДСМ за намалување на цената на водата за 30% во периодот додека партијата беше опозиција и не бираше начин за манипулирање на граѓаните. Од февруари семејство кое плаќало 500 денари за вода ќе плаќа 522 денари. На годишно ниво тоа се приближно 300 денари повеќе од фамилија која месечно плаќала 500 денари.

ЈП Водовод и канализација во соопштението објавено на страната на претпријатието пишува дека цената на кубен метар вода се намалува од 29.39 денари за м3 на 28.67 ден за м3. Но, претпријатието воведува нова давачка по метар кубен вода во висина од 2.04 денари, што е покачување за 7%, со што вкупната цена по кубен метар која ќе ја плаќаат граѓаните ќе изнесува 30.71 денар. Предлозите за покачување на водата ќе бидат доставени на одлучување на седница на Советот на градот Скопје, каде на 31 јануари советниците ќе треба да го гласаат покачувањето.

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов во изјава за медиумите денес кажа дека граѓаните кои досега плаќале 500 денари вода ќе плаќаат 522 денари. Тоа на годишно ниво за едно просечно семејство кое плаќало 500 денари за вода се 300 денари плус од нивниот џеб за Петре Шилегов и управата на СДСМ во град Скопје.

Тоа се дополнителни пари за партиските вработувања на партиските активисти како Влатко Васиљ, Никола Наумовски и другите така наречени активисти на шарената револуција, кои секојдневно се вдомуваат во државните и општинските претпријатија.

Додека СДСМ беше опозиција во текот на 2015 година поднесуваше предлози до Советот на градот за намалување на водата за 30%. Сега наместо намалување од 30%, водата се качува за 7%. Дамјан Манчевски, сегашен министер во МИОА во изјава за медиумите рече:

– Советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на градот Скопје поднесе иницијатива за намалување на цената на водата за пиење на граѓаните на Скопје за 30%. Тоа би значело дека од сегашните 29.39 денари за метар кубен граѓаните на Скопје од сега би плаќале цена од 20.57 денари. Иницијативата ја поднесовме од повеќе причини. Зголеменото ниво на сиромаштија и намалената куповна моќ на граѓаните, водата претставува еден од основните животни природни ресурси и таа мора да продолжи да остане достапна за сите граѓани на Скопје.

Три години подоцна СДСМ е власт, ВМРО-ДПМНЕ опозиција, СДСМ го управува и градот Скопје, а наместо пад на цената на водата како што бараше СДСМ имаме покачување на водата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This