April 19, 2024, 10:48 pm

СЛЕДУВА ЛИ НОВ ЦЕНОВЕК ШOK: Новата методологија за пpeсметка на цените на горивата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од трговците со нафта не можат од сега да кажат дали од следната недела горивата ќе бидат пocкапи или поевтини. Граѓаните дури во вторник на бензиските пумпи ќе знаат колку точно ќе чини литар.

Не би можеле да Ви дадеме конкретен одговор бидејќи сеуште не располагаме со сите податоци кои директно влиjaaт врз изготвување на новите цени, стои во дописот од Макпетрол.

Откако вчера престана да важи старата методологија за пресметка, а новата сеуште не е донесена од вторник обврската за формирање на цената на горивата ја имаат самите бензиски. До тогаш важи старата цена која регулаторна ја објави на 30 минатиот месец.

Од Макпетрол сметаат дека земјава е подготвена и за целосна либерализација на пазарот со нафта и нафтени деривати. Во моментов има над 50 лиценцирани компании во овој бизнис. Сепак од министерството за економија соопштија дека во иднина ќе има постоги критериуми кои ќе треба да ги исполнат компаниите кои ќе сакаат да тргуваат со нафта. Се подготвува нов правилник , кој се чекува да биде готов до средината на јуни.

Новата методологија за пресметка на цените на горивата пак која треба да стапи на сила е во завршна фаза. Со неа се предвидува во идина во цената на горивата да се пресметуваат трошоците на трговците за складирање, транспорт , а ќе бидат вкалкулирани и повисоки трошоци за oбeзбeдyвaњe поголеми количини нафтени резерви. Но сеуште се преговара колкава ќе биде маржата за трговците. Тие бараа од сегашните 3,2 да биде 6 денари по литар. Сепак од регулаторна уверуваат дека со новата пресметка нема да има ценовни шokови кај горивата

Во иднина РКЕ наместо на две недели новата цена на горивата ќе ја утврдува на седум дена.

Извор: Сител

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This