March 28, 2024, 11:06 pm

СЛЕДУВА ЛИ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ЈАЗИКОТ: Македонскиот јазик да се нарекува модерен македонски јазик!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јазикот на ,,С” Македонија да се нарекува „модерен македонски“ за да се разликува од античкиот јазик на кој зборувал Александар Македонски сугерира автстралиски професор во коментар за денешен „Катимерини“.

Џон Мелвил-Џонс е, професор и почесен научен соработник на Класична и античка историја на Универзитетот Западна Австралија, вели дека е задоволен што двете страни се согласиле јазикот на северниот сосед да биде признат како „македонски“ но смета дека „ можно е да се подобри ситуацијата ако јазикот кој се обликувал во ,,С” Македонија во текот на минатиот век и половина се нарекува ‘”современ македонски’“.

Мелвил-Џонс во коментарот за грчкиот весник вели „тоа би го разликувало од древниот македонски дијалект (кој, пак, треба да се нарече ‘Антички македонски’)“ и кој не може да се реконструира бидејќи останале само околу 150 зборови.

Од нив е јасно дека “древниот македонски” бил еден од бројните дијалекти кои се зборувале во областа на север и западно од модерна Грција.

Професорот вели дека погрешно е да се поставува прашањето „Дали (античките-н.з.)Македонци зборувале грчки?” – бидејќи немало такво нешто како грчки јазик пред времето на Александар.

„Грците користеле различни дијалекти во различни места до тоа време. Затоа е соодветно да се зборува за ‘Антички македонски’”, а Грците треба да го користат овој израз за тоа, а да го користат изразот „модерен македонски“ кој се однесува на јазикот на нивниот северен сосед“, сугерира професорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This