СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ИСПОРАЧУВАЊЕ НА ФАКТУРАТА: Во наредниот период преку СЈО ќе се создава тло за промена на името, преку ослабнување на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СЈО е дел од агендата за класична елиминација на ВМРО-ДПМНЕ. Следува период на испорака на фактурата на СДСМ, а крајна цел е создавање тло за промена на името вели во интервју за Алфа Телевизија, универзитескиот професор Тања Каракамишева-Јовановска.


-За жал во работењето на Специјалното Јавно Обвинителство нема многу право, а доминира политички аспект. Играат со политички карти- чекаа да изминат 18 месеци за да на крај наводно политички ги испукаат сите обвиненија кои беа поднесени и строго таргетирани кон раководните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, што кажува дека не се работи за професионален, стручен, непристрасен и независен правен орган, туку дека се работи за политички инструмент на СДС и Зоран Заев и на меѓународната заедница, рече Каракамишева- Јовановска и додаде:

„Целта на СЈО е елиминација на раководната структура на ВМРО-ДПМНЕ, но и уништување на единствената политичка партија која се грижи да ги заштити македонските национални и државни интереси“.

Погледнете го целото интервју на Каракамишева Јовановска за Алфа ТВ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This