April 25, 2024, 10:01 am

Следува рана пролет, суша и невообичаено високи температури доаѓаат во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што веќе најавивме, од утре па во текот на следниот период територијата на нашата држава ќе биде пов влијание на висок воздушен притисок (антициклон) кој ќе условува стабилно, суво и сончево време повремено со мала локална облачност, објави метеорологот Славчо Поповски.

Ветерот кој го имавме изминатите неколку денови полека ќе ја намалува својата брзина и ќе стивне во следните денови.

Мцакималните дневни температури на воздухот ќе бидат во тенденција на ГОЛЕМ пораст и следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, наутро пак до недела ќе биде студено со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштат под нулата додека истите пораст ќе имаат во текот на следната недела.

Очекуваните температури ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

Освен кај нас, антициклонот ќе ја зафати цела Европа и ќе условува стабилно, суво и невообичаено топло време со над просечни температури на воздухот, истите во делови од Европа ќе бидат дури за околу 15 степени повисоки од нормалните што е премногу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This