СЛЕПА ЖЕНА ПАДНАЛА И ПОВТОРНО ПРОГЛЕДАЛА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На една жена која била слепа повеќе од 20 години и се вратил видот откако паднала и ја удрила главата во нејзиниот дом на Флорида.

baba-1-640x427

Мери Ен Франко (70) постепено ослепе по повреда на рбетот во автомобилска несреќа во 1993 година, додека целосно не го изгуби видот.

Сепак, две децении подоцна, една несреќа и операција која следела и се врати видот, а лекарите се уште не се сигурно како дошло до тоа.

– Јас бев целосно слепа. Гледав само темница, изјави таа за британски „Индипендент“.

– Бев во дневната соба и тргнав кон вратата, но се сопнав и паднав удирајќи го вратот во нешто, можеби во каминот, раскажа таа.

По падот кој се случил во август 2015 година Франко морала да носи крагна за имобилизација на вратот се до операцијата пред неколку недели. Таа беше во болница и се опоравуваше од четиричасовниот зафат на нејзиниот врат кога сфатила дека видот и се врати.

– Лекарите ми дадоа уште лекови и следното утро ги гледав дрвјата и белите куќи низ мојот мал болнички прозорец. Јас бев најсреќната жена во светот. Сите ми рекоа дека сум вистинско чудо, рече таа.

Неврохирургот др. Џон Афшар кој ја оперираше Франко раскажа дека не можел ни да претпостави дека на жената по операцијата ќе и се врати видот.

– Тоа е навистина чудо. Немам научно објаснување за тоа, рече тој за Еј-би-си њуз.

Франко, верува дека Бог и помогнал повторно да прогледа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This