Пајо и Пата, омилените ликови од Дизни, в сабота ќе бидат во скопската Зоолошка градина. Цел ден најмладите посетители ќе имаат можност за анимации, игри, забава и сликање со омилените Дизни ликови.
Исто така, в сабота во соработка со ЕМСА, во скопската Зоолошка градина, малиот едукативен центар ќе биде претворен во Мече болница.
– Ги учиме најмалите на здрави навики, како и на надминување на стравот од одење на доктор – велат од Зоолошка.
Инаку, претходно Зоолошка заедно со учениците од средното училиште “Георги Димитров” ја започнаа изградбата на шумската патека во Скопје Зоо.
– Ова катче ќе понуди интересни содржини за едукација на најмладите во поглед на сите инсекти, животни и растенија кои може да се сретнат во македонските шуми – информираат од Зоолошка.