March 29, 2024, 12:15 am

„СЛОБОДАТА“ НА МЕДИУМИТЕ ВО САД: Си-Ен-Ен води кампања за забрана на емитување на конзервативните медиуми во Америка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според порталот Infowars, CNN води кампања за блокирање на YouTube каналот на познатиот американски новинар Алекс Џонс и неговиот портал InfoWars што значи дека каналот на овој конзервативен новинар е пред бришење од YouTube.

Минатата недела CNN на насловна страна објави дека каналот на InfoWars е на чекор да биде забранет на Youtube. Од порталот истакнуваат дека CNN намерно погрешно ги интерпретирал вестите поврзани со убиствата во училиштето во Парлкенд како дополнителен притисок за бришење на YouTube каналот на Алекс Џонс и порталот InfoWars.

Утрово порталот бил информиран од страна на YouTube дека добил последна опомена пред целосно терминирање на каналот во врска со видео репортажа поврзана со настаните во Паркленд.

Видеото не наведува дека настанот не се случил или дека жртвите се актери, како што CNN намерно погрешно го интерпретирал. Целта на видеото и прашањето кое видеото го поставува е дали некој од нај истакнатите студени кои водат национална кампања за контрола на оружје биле спремани од некого што јавно да говорат.

Левицата во Америка налик настаните кои се случуваат во Македонија ги користи сите средства за доаѓање на власт. Токму левицата во Америка сега го користи крвавиот настан во Паркленд за да добие политички поени и да ја оствари целта за забрана на носење и користење на оружје од страна на американските граѓани. Имено во вториот амандман од американскиот устав стои правото за носење оружје како заштита од некоја идна тиранска и тоталитарна власт, токму тоа кон кое левицата се стреми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This