March 29, 2024, 11:01 am

СЛОБОДА ИЛИ CMPT, НАПИША ПАНДОВ: Утре сите пред Собрание, вклучително и опозициските политичари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Александар Пандов, утрешниот ден го нарече „Денот Д“. Ден после кој нашата татковина ќе биде преименувана во Северна, а Македонскиот народ ќе остане без идентитет и историја. Затоа, Пандов повикува сите кои се чувствуваат како Македонци, и граѓани лојални на оваа држава утре да се придружат на протестот пред Собранието на Р.Македонија во точно во 12.00 часот на пладне.


Пандов појасни, дека оние кои имаат амбиции да се кандидираат за претседател на држава, но и пратениците и политичарите од опозицијата, се еднакво повикани да се појават пред Собранието, каде ќе покажат зошто вреди да се гласа за нив, и да не дозволат да се стави знак на равенство помеѓу опозициските политичари и Зоран Заев.

После сите бомби, пленуми, шарени куртони и Сорос, после СЈО и сите уцени, судења, притвори за патриотите и политички прогони, преку насилното превземање на власта на 27.04 и инсталирање на хунтава, па референдум, за жал дојдовме до денот Д. Утрешниот ден е денот после кој нашата татковина ќе биде преименувана во Северна, а Македонскиот народ ќе остане без идентитет и историја. Во минативе години многу,многу протести и лични жртви понесоа, а дел (Ќосето, Чавков, Ченто, Дурловски, Игор Југ) и сеуште страдаат само поради својата борба во одбрана на она што е за секој Македонец исконско, дека е Македонец, кој говори Македонски јазик и е од Република Македонија. Утре Таљат ја има закажано седницата во 12 часот во собранието, а Македонците закажаа протест пред собранието. Во тоа име, а и во име на сите жртви кои сега ја плаќаат цената на нивната љубов кон Македонија, ве повикувам во што поголем број да се собереме и повторно гласно да крикнеме и го повториме нашето не согласување со измените на уставот. Очекувам без разлика на партиска определба дека секој кој се чувствува како Македонец да присуствува.
Малку е надвор од контекст, но би сакал да предупредам. Во периодов гледам засилена активност на одреден број политичари кои веројатно се гледаат како претседателски кандидати. На секого од нив му е познат мојот став за бојкотирање на претседателски избори без парламентарни (Пржинска влада), но како и да е им посакувам лична среќа и успех. Меѓутоа, нивното отсуство од утрешниот протест за мене тој политичар/ка, го прави подеднакво легитимна мета во наредната кампања, буквално иста, каква што ќе ми биде консезуалниот кандидат на СДС и ДУИ, Зоран Заев

#СлободаИлиCмpт
#МакедонијаСекогаш
#СевернаНикогаш – напиша Пандов на својот ФБ профил!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This