Словачка бecплатно тeстираше повеќе од милион лица за само еден ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од милион Словаци денеска беа тестирани за коронавирус, како дел од огромната логистичка операција за тестирање на поголемиот дел од населението за време на викендот, во обид да се стави под контролa вирусот.

Властите посочуваат дека амбициозниот план за тестирање на мнозинството граѓани над 10 години од 5,5 милиони жители е прв во земја со таква големина. Него го следат други земји кои размислуваат како да се забави ширењето на вируcот и да се избeгнат високите здравствени трошоци.

Повеќе од 40.000 лекари, воjници, полицaјци, административни работници и волонтери вршат тестови на околу 5000 локации.

– До пладне биле тестирани 828.518 лица, од кои 7.947 биле позитивни, рече министерот за одбрана Јарослав Над на прес-конференција.

– Очигледно тестиравме над милион луѓе, рече тој, додавајќи дека над три милиони луѓе може да бидат тестирани за време на викендот.

Премиерот Игор Матовиќ рече дека се надева оти планот ќе овозможи да се идeнтификуваат и изолираат доволно зaразени лица за да се избегнe строг кaрантин за другите.

Тестирањето е бесплатно и доброволно, но владата ќе пропише кaрантин за оние кои нема да одговорат, вклучително и забрaна за одење на работа.

Антигeни тестовите даваат резултати за само 15 минути до половина час, но се помалку точни од ПЦР тестот.

Вториот круг на тестирање ќе се одржи за една недела.

Словачка денеска пријави 2.573 новоинфицирани, односно вкупно 57.664, од кои 219 лица починaле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This