April 24, 2024, 12:45 am

СЛОВЕНЕЧКАТА ПОЛИЦИЈА НЕ ГУБИ ВРЕМЕ: Уапсен италијански мафијаш поради убиството на новинарот Куцјак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата на Словачка го уапси Италијанецот Антонин Вадала поради сомнеж дека е вмешан во убиството на новинарот Јан Куцијак.

Вадала е бизнисмен за кој убиениот новинар тврдел дека е припадник на Италијанската мафија Ндраганета и дека е поврзан со соработници на премиерот Роберт Фико.

Апсењето на Вадала за сајтот Aktuality.sk го потврдиле доверливи извори. Тој е уапсен при полициска акција во местото Михаловце, каде живее. Помеѓу уапсените е и братот на Вадала, Бруно и неговиот роднина Пјетро Катропа.

Словачката полиција денес приведе и седум други лица поврзани со убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак, велат локалните медиуми пренесувајќи ја изјавата на началникот на полицијата Тибор Гаспар.

Тој во претходна изјава истакна дека полицијата извршила претрес на неколку локации во источна Словачка поврзана со луѓето за кои истражувал Куцијак пренесува Ројтерс.

Гаспар, не навел имиња, но изјавил дека се поврзани со италијански бизнисмен за кој се сомневаат дека е поврзан со италијанската мафија, за што Куцијак пишувал во својот последна постхумно објавена статија.

Јан Куцијак и неговата вереница беа пронајдени мртви во неделата во својот стан во местото Велка Мача, а се претпоставува дека е убиен бидејќи истражувал незаконски исплати поврзани со фондовите на ЕУ преку даночни проневери во кој биле вмешани словачки и италијански државјани поврзани со организираната криминална група Ндрангета.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This