СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРУТ ПАХОР: Хрватска во Шенгeн само под еден услов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенечкиот претседател Борут Пахор рече дека е можно да се избегне блокиpaње на влезот на Хрватска во Шенген-зоната, но дека проблемот е во тоа што Загреб одбива да ја имплементира арбитражната пресуда за граничниот спор, за која Словенија смета дека е конечна и обврзувачка за обете страни.

 

 

 

– Би ги повикал сите оние што можат да придонесат, да го искористиме времето помеѓу одлуката на Комисијата дека Хрватска е технички подготвена за Шенген и расправата за тоа прашање во Советот на ЕУ за интензивен политички и дипломатски дијалог, рече Пахор во интервју за мариборскиот весник „Вечер“, по повод 10-годишнината од apбитражниoт договор меѓу двете земји.

 

Арбитражниот договор, Словенија и Хрватска го потпишаа во Стокхолм на 4 ноември 2009 година. Договорот го потпиша Пахор, кој тогаш беше премиер и тогашната хрватска премиерка Јадранка Косор.

 

Пахор оцени дека проблемот е во тоа што Хрватска толкува дека словенечката страна го компромитирала арбитражниот процес и одбива да ја спроведе арбитражната пресуда, со која на Словенија и се доделуваат две третини од Пиранскиот залив.

 

– Тоа е проблем. Хрватската договорна страна одбива да ја примени пресудата, иако таа се обврза на тоа според меѓународното право и самиот договор. Границата сега е дефинирана и Словенија е должна да бара на мирен начин тоа и да се реализира, истакна Пахор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This