Словенија започнува со масовно тестирање на населениетo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенечката Влада им нареди на надлежните служби до 5 декември да направат подготовки за масовно тестирање на населението, како и да подготват список на доброволци за вакцинација, објави словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер.

Според Јанша, одлуката е донесена врз основа на проценки на состојбата со епидемијата и во согласност со консултациите на европско ниво, објави агенцијата СТА. Словачка беше прва во Европа што започна масовно тестирање на населението на почетокот на ноември. Досега се тестирани две третини од словачките граѓани, од кои еден процент се позитивни. Од понеделник, и во Словенија ќе започне систематско тестирање на вработените во здравствените установи и домовите за стари лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This