Словенија ќе прогласи крај на eпидемиjaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните 24 часа во Словенија се евидентирани 24 инфекции со коронавирус, и сите други показатели се многу добри и затоа владата нема да ја продолжи состојбата на епидемијата, која завршува на 15 јуни, објави агенцијата Хина.

Од 1.023 тестирани, потврдени се 24 инфекции или 2,3 проценти. Седумдневниот просек на инфекции за еден ден падна на 147, а четиринаесетдневната инциденца на 100.000 жители падна на 130.

Двајца пациенти со ковид-19 починаа, соопшти Министерството за здравство.
Од почетокот на епидемијата, 4.406 лица починале од коронавирус, уште 134 пациенти се во болници, а 26,1 процент од популацијата е имунизиран со целосна вакцинација, објави Националниот институт за јавно здравје.

Владата најави дека по 15 јуни повеќе нема да ја пролонгира состојбата со епидемијата што беше прогласена во вториот бран на 18 октомври, но некои епидемиолошки мерки сепак ќе останат на сила, пренесува Индекс.
Додека Словенија не влезе во т.н. зелена фаза според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести, што се очекува кон крајот на јуни или почетокот на јули, носењето маска ќе продолжи да биде задолжително во затворен простор.

Ограничувањата, како што е бројот на присутни во затворено, остануваат во сила, а условите за присуство на концерти и други настани сè уште се негативен тест за коронавирус, антитела или целосна вакцинација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This