СЛОВЕНИЈА ЌЕ ЈА ТУЖИ ХРВАТСКА: Словенија не прифаќа политичко решение донесено во Брисел, правдата ќе ја бара на суд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави дека спроведувањето на арбитражната пресуда за границата со Хрватска е правно, а не политичко прашање, како што тоа го прикажува претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, поради што Словенија наскоро ќе ја тужи Хрватска поради неспроведување на одлуката на судот на ЕУ во Луксембург

„Не се работи за политичко прашање, како што тоа Јункер би сакал да го прикаже, туку се работи за право“, вели Ерјевец во изјава за Словенечката телевизија, реагирајќи на изјавите кои Јункер вчера ги даде во Брисел.

Говорејќи за граничното прашање помеѓу Хрватска и Словенија, Јункер на прес конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека во тој спор Комисијата не кажува дали едната или другата страна е во право, туку е тука да се помогне.

„Сакаме да помогнеме во решавањето на тоа и мислам дека можеме тоа да го направиме“, рече Јункер на прес конференцијата по состанокот со Пленковиќ.

Хрватскиот премиер во таа прилика повтори дека не е реална опција Хрватска да прифати арбитражна пресуда, и дека е реално за тоа да се разговара за да се постигне договор кој би бил меѓусебно прифатлив за Хрватска и Словенија, при што потсети дека Хрватска на словенечката страна веќе и претставила одредени замисли за тоа и дека тоа е одличен „темел за разговор“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This