March 29, 2024, 10:58 am

СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА ВО КАМПАЊА ЗА СТЕВО: Државни ресурси за партиски цели во Радовиш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според фотографијата и информацијата кои ни ги достави читател возило според чии регистарски таблици припаѓа на Агенцијата за вработување од подрачната единица во Радовиш е злoyпотpeбено за партиски цели. Имено ова возило кое се води во сопственост на Агенцијата е фотографирано пред локалниот партиски штаб на Стево Пендаровски и СДСМ во Радовиш и колку што може да се забележи во него има материјали кои наликуваат на пропаганден материјал кој се користи во кампањата.

Пред возилото фотографирани се активисти на СДСМ од овој град, но и пратеникот од владејачкото мнозинство Горан Мисовски.

СДСМ нekaзнето продолжува да ги злoyотребува државните ресурси, па очекуваме дека надлежните институции ќе го проверат и caнкциониpaaт овој најнов случај на злoyпотреба на државните ресурси кои се ставаат во кампањски и партиски цели за paзнесување на рекламен материјал.

Ваков сличен ckaндал се случи и пред една недела за кој информираа медиумите. Тогаш Директорите на Агенцијата за Вработување Билјана Јовановска, и дректорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски со службен џип регистриран на АВРМ се довезле до Делчево каде присуствувале на партиски настан во гимназијата во Делчево се одржувала партиска трибина на подмладокот на СДСМ – СДММ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This