СЛУЖБИТЕ АКТИВНО ЈА СЛЕДАТ СОСТОЈБАТА: Мобилизрани градските власти, јавните претпријатија и противпожарната бригада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градскиот штаб за заштита и спасување ги продолжува своите активности по серијата на земјотреси кои вчера и денеска го погодија Скопје.

grad-skopje

Градскиот штаб за заштита и спасување е активиран и ја следи состојбата, а сите екипи на градските јавни претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се целосно мобилизирани.

Во сите пунктови на јавните претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита е зголемен број на екипи со 24 часа дежурства и истите се во продготвени за интервенција.

Покрај нив, Градскиот штаб за заштита и спасување ги координира и активностите на општинските кризни штабови кои се мобилизирани.

Во текот на овој период Градскиот штаб за заштита и спасување имаше поголем број интервенции, од кои најголемиот број беа интервенции на Бригадата за противпожарна заштита на запалени електромотори на лифтовите во зградите, кои се запалиле поради краток спој предизвикан од земјотресите.

Паралелно со нив, поголем број екипи, предводени од стручните лица од ИЗИИС, од вчеравечер се на терен и работат на евиденција на оштетувањето на објектите кои се од приоритетно јавно значење, како што се училиштата, градинките, болниците и станбените објекти за домување. До овој момент поминати се над 40 објекти.

Градскиот штаб за заштита и спасување и во наредниот период ќе остане во состојба на целосна мобилизација и внимателно ќе ја следи состојбата на терен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This