СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ ПРОВОКАЦИЈА: На истиот датум кога започна војната во 2001-та, ќе се гласа и двојазичноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Случајност или намерно евоцирање на почетокот на едно несреќно време?

Утре, денот кога Талат Џафери и СДСМ најавија дека насила ќе го протуркаат законот за двојазичност, е истиот ден кога започна и војната во 2001. година, на која не потсети една тетовчанка на социјалните мрежи.

Ќе биде ли ова уште еден вовед во несреќно сценарио, останува да видиме.

“Во пресрет на утрешниот ден 14.03 датум кој е многу значаен, кој тетовци неможат да го забораават,воедно и датум за Македонија.

14.03.2001 година –започна воениот конфликт во Тетово
14.03.2018 година –ќе се гласа законот за Двојазичност

Сакам малку да и објаснам на Татијана Лалческа пратеник од редовите на СДСМ од Тетово (Во јавност позната како предавник која гласаше за Двојазичност во Република Македонија 14.03.2001 година.

Пред 17 години на овој ден бевме сведоци на вандализам и тероризам, на тој ден отпочна долг период на крвопролевање, тага, страв… Се напуштаа вековните огништа, се оплакуваа синови, чеда останаа без родители… Македонскиот народ беше изненаден од забиениот нож во грб. Генерации се менуваа и растеа во еден наметнат страв во сопствениот град и во сопствените домови.

Ден денес како држава не успеавме да оддадеме достојна почит на сите бранители, на сите храбри херои, кои дадоа се! Вистината е една и правдата е една. Нашата држава мора да го подобри односот кон оние кои ставија рака во оган за мир и слобода. Споменик на бранителите и грижа за нивните семејства е најмалку што можеме да направиме како држава.

Во тоа време констатиравме колку е важно да сме сложни и колкава моќ лежи во нашата обединетост.

Македонецот на Македонецот нека му биде брат, а не волк.
Дали Татијана Лалческа ова го знаевте ? Дали го паметите овој датум? 14.03.2018година

Утре во собранието ќе се изгласува повторно овој закон . На 11.02.2018 година во Собранието се гласаше законот за Двојазичност, пратениците од вашата партија гласаја за ова. Од тие почесни пратеници бевте лично и вие. Дали поточно знаете што значи тој закон?

Го читав тој предлог-закон, тоа не е закон за јазици. Има 32 или 34 члена и секој член почнува со: „Јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од населението, јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од населението, јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто…“ Секој член почнува со таа реченица.

Значи тоа е закон за албанскиот јазик. А со тој закон албанскиот јазик треба да се прогласи за официјален јазик на цела територија на Република Македонија. Ако се направи тоа, со Македонија е крај.

Дали ова го знаевте Татијана Лалческа?

Сега сакам да ве прашам дали имате гордост, гледав и образована сте биле.Дали вие гајле што ќе зборат за вас вашите пријатели, соседи,роднини кои биле учесници во воениот конфликт или останале без нивни близок човек или битна ви е партијата и поените од неа, и дека горко ќе ви аплаудираат членовите??

Дали ќе имате образ да излезете на улица и да кажете ДА јас глсав за Двојазична Македонија??

Сакам само да ве замолам пред да одете утре да глсате прочитајте го ова ,вратете се 17 години наназад и видете што се се имаше случено па потоа одите да гласате !!

САМО ДА ВИ КАЖАМ ВАЖИОТ ГЛАС Е ГЛАС ЗА АЛБАНЦИТЕ , ГЛАС ЗА УЧК, ГЛАС ЗА ПРОПАСТ НА МАКЕДОНИЈА, ГЛАС ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА ВО ИДНИНА, ГЛАС ЗА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА….

П.С. Запрашајте се во каква иднина ќе растат вашите деца?!?

ПОЗДРАВ”
(Фејсбук статус на Милена Ристеска)

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This