СЛУЧАЈОТ PEКЕТ СПОМЕНАТ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Македонија доби уште една позитивна препорака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во извештајот за напредокот на С Македонија и Албанија кој денеска го објави Европската комисија повторно се препорачува на европскиот совет да отвори преговори за членство во унијата за двете земји. Во извештајот за Македонија меѓу останатото се спомнати законот за јавно обвинителство и случајот „Рекет“.

„Целта на Законот, меѓу другото, е да обезбеди одржливо решение за случаите на СЈО и да воспостави одговорност за кривичните дела што произлегуваат од нелегалното прислушување.“

Летото во 2019 г. беа покренати сериозни прашања за т.н. случај „Рекет“ со тројца инволвирани, вклучувајќи ја поранешната специјална јавна обвинителка, обвинети за наводна изнуда и злоупотреба на службената положба.

Еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеји вели дека во наредните недели очекува Советот на ЕУ да отвори преговори со двете земји, а од комисијата додаваат дека и ревидираната методологија за проширување на унијата треба да придонесе за селено светло за Македонија и Албанија.

Изјава Ана Писонеро Фернандез, портпарол на европската комисија – Во случајот на С Македонија извештајот упатува на значителни чекори направени да се зајакне независноста на судството, исто така упатува на подобрена борба против корупцијата и организираниот криминал, напредок во реформите на безбедносните служби и јавната администрација.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи вели дека со овој извештај и методологијата се исполнеи двата услови за доделување на датум за земјава. Во однос на противењето на Холандија за давање на датум за Албанија Османи се надева на скоро расчистување на состојбата.

Османи додава дека после последната негативна одлука за датум во Октомври кажал дека нема да предвидува, но вели после посетата на повеќе земји, меѓу кои и Франција, после ревидираната методологија денешниот извештај на вицепремиерот му влева оптимизам дека земјава ќе го добие заслужениот датум за преговори од ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This