СЛУЧАЈОТ 27-МИ АПРИЛ ЌЕ ОДИ ВО ХАГ: Нема oцeнa на oбвинeниeтo за организаторитe, oдбpaната бара случајот да го преземе cyдот во Хаг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пропадна и денешниот обид за судска оцена на обвинителниот акт за организаторите на „крвавиот четврток“. Одбраната бара изземање на една од судијките бидејќи судела во другите предмети поврзани со 27 април, како и случајот да го преземе меѓународниот суд во Хаг, оти во Македонија нема услови за фер судење.

Сметаме дека со оглед на начинот како се водат овие постапки и со оглед на фактот дека се наметнува некое кривично дело кое е политичко и за организација за луѓето кои воопшто немаат врска со организацијата на делото, сметаме дека само Меѓународниот кривичен суд може да донесе фер пресуда за овој настан“, рече адвокатот Јован Апостолски.

Барањето за изземање судија, според судот, е неосновано.

Наместо образложување на приговорите, одбраната поднесе барање за изземање судија – член на советот за оцена. По разгледување и ценење на барањето, претседателот на судот го одби барањето како неосновано“, се вели во соопштението на Кривичниот суд Скопје.

Следен обид за оцена на обвинението ќе има на 23 декември, за одбраната да има можност да се жали до Апелација.

Обвинението за настаните во Собранието од 27 април ги опфаќа ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски.

Најобемниот предмет за „крвавиот четврток“ заврши со првостепена пресуда. Во него беа опфатени 33 лица, но 15 од нив добија амнестија со закон што Собранието го донесе во 2018 година. Од останатите единствено Игор Дурловски доби ослободителна пресуда, додека другите добија вкупно 211 години затвор. Највисока доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков – 18 години затвор.

Покрај овој, се водеа уште неколку други случаи за учество во толпа и за насилство.

За обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села седуммина обвинети добија вкупно 81 година затвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This