April 24, 2024, 12:52 am

СЛУЧАЈ КАШОГИ: Саудискиот принц уште одамна му спремал „кypшyм“на новинарот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во 2017 година рекол дека ќе употреби „кypшyм“ врз новинарот Џамал Кашоги ако не престане да го критикува ултраконзервативното кралство, пренесува весникот „Њујорк тајмс“.


Медиумот ги цитира поранешните и актуелните официјални лица од САД и од светот, кои во paзузнaвaчките извештаи навеле дека принцот тоа го кажал во разговор со роднината Турки ал Дахил.

Тој разговор го пресретнала американската paзузнaвaчкa служба, која во моментов работи на собирање податоци од телефонска и СМС комуникација од изминатите години на саудискиот престолонаследник.

Мохамед бин Салман во разговорот рекол дека, ако Кашоги не се врати во Саудиска Арабија по своја волја, тој треба да се врати со сила и оти е подготвен за тоа да употреби „кypшyм”.

Кашоги, критичар на саудиските власти и соработник на „Вашингтон пост“, беше yбиeн на 2 октомври 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This