СЛУШНЕТЕ ГИ МУДРИТЕ МИСЛИ НА МОНАХОТ И СПАСЕТЕ СЕ ОД ОЧАЈОТ:Тој ќе ве натера да не се жалите и да кажете- благодарам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Престанете да бидете постојано незадоволни, да се жалите, да доживувате “неправда” и да се однесувате како некој дави е виновен.
Сите мислат дека нивниот проблем е најголем. Но, Бог ни кажува: дојдов во вашиот живот не да те извлечам од неволја, туку да го променам твојот став кон нea. И тогаш почнувате да ги гледате сопствените проблеми на другата страна – повеќе оптимистички, со повеќе смирување, трпеливи, храбари.
Тргни го од себе очајот, што ти кажува дека секогаш ќе ти биде толку тешко. Дете мое, проблемот ќе исчезне, не го преувеличувајте.
Вие толку многу ја преувеличувате вашата тежина постојано размислувајќи за неа, чувствувате ужас и паѓате во паника. И тоа е неправилно.

Се разбира, се чини дека еден човек е едноставно таков. Веќе е одреден тип со особини, одреден знак. Некои луѓе, дури и кога им предлагате решение за проблемот, не можат да го прифатат и да се успокојат. Не!
Како и да е, тие ќе се жалат.Им даваш совет, тие на почеток ќе се насмеат, а потоа велат: Не, не можам, јас сум роден таков.
Еј, погледнете, ви кажав ако на својот проблемот погледнете од таа страна, тоа ќе биде решено. Не, овие луѓе уште еднаш размислуваат за тоа, за своите грижи, каде што веќе се навикнати.

Човекот сам себе се задушува со гризење на совеста и загрижувачко чувство на вина. Понекогаш се чувствуваме вознемирени (непријатност) затоа што сме среќни во одреден момент. Тоа е. Ако имате среќа, нешто лошо ќе ви се случи неизбежно.

Не можам да бидам среќен! За неколку дена нешто ќе се случи!
Вие не можете едноставно да се израдувате.Погледнете го сето добро во вашиот живот, како што ни заповеда Христос. Погледни со оптимизам, со надеж и зборови: Благодарам!
Престанете да се жалите! Престанете да бидете постојано незадоволни, да се жалите, да ја доживувате “неправдата” и да се однесувате како некој да ви е виновен. Дали знаете колку луѓе во моментов страдаат, токму сега? Колку болни луѓе умираат во болниците … Ужасно е.
Еден човек ме викна неодамна и рече: Утре наутро одам во болница, ќерка ми ќе биде оперирана. Дали некогаш сте седеле во болница чекајќи вести за близок ваш човек? Лекарите и сестрите минуваат покрај тебе, а вие седите и не можете да се смирите од вознемиреност … И ти ми кажуваш дека имаш проблем.

Ве молам, да бидеме посериозни, бидејќи честопати сме само неблагодарни.

Кажете барем еднаш, ти благодарам!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This