Нема да има автоматски влез за земјите од Западен Балкан во ЕУ на преходно утврден датум, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.
– Јасно е дека кандидатите за членство мора да спроведат уште многу реформи, изјави Зајберт во пресрет на утрешното објавување на стратегијата на Европската комисија за земјите од Западен Балкан.
Зајберт нагласи дека Берлин секогаш ја нагласувал неопходноста од поставувањето јасна перспектива за членство на западнобалканските земји во ЕУ, но дури откако ќе ги исполнат поставените услови.