April 20, 2024, 12:10 am

СМЕНЕТО Е САМО ПАКУВАЊЕТО: Северна на Заев на дното по сите параметри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Низок животен стандард, високи цени, задолжување на државата, длабоко распространета корупција, заробена правна држава. Македонија по речиси сите параметри е земја која е позиционирана на самото дно. Стандардот и натаму останува најголем проблем за граѓаните, кои се жалат дека едвај врзуваат крај со крај.

Минималната плата порасна но не е ниту половина од трошоците за живот. Просечната плата статистички е порасната, ама дури 70% од граѓаните таа ја сонуваат.

Во изминатата 2018. беше забележано покачување на цената на горивото, лебот, алкохолните пијалоци и угостителските услуги. Како ќе се движи бранот поскапувања оваа година, останува да видиме.

Дури и онаму каде изминативе години котиравме добро, состојбата е влошена. Како последен за ова предупреди угледниот Форбс кој Македонија ја смести на 68 место по условите за водење бизнис.

Пред неколку години бевме двојно повисоко на листата. Стопанството бараше поддршка, ама доби прогресивно оданочување. Власта ја воведе мерката и покрај предупредувањата дека инвестициите ќе запрат, а одливот на капитал ќе засили. Власта е оптимист дека работите се движат кон подобро. Ова го темелат врз политиките за раст на платите кои допрва требало да дадат резултати.

За годинава си скрои рекордно тежок буџет од 3.7 милијарди. Она што боде очи е што во него, капиталните инвестиции се на исто ниво како оние од лани, кои пак се реализираа едвај 60%. Речиси две години од преземањето на власта, нема напредок ниту во битката против корупцијата, ниту пак во сивата економија, ниту пак во јавната администрација.

Наместо да се реформира и да стане ефикасна таа продолжува да се полни. Во очекување на ветените 500 евра плата, граѓаните остануваат на дното во Европа по животниот стандард, по висината на платите, невработеноста, но и иселувањето кое и по доаѓањето на оваа Влада зема се поголем замав, и младите купуваат билет во еден правец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This