СМЕНИ ВО „ТИГАР“ ИМАЛО, НО НЕ И ДЕГРАДИРАЊЕ: МВР демантираше дека биле деградирани припадници, но имало промени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи со демант реагираше на информацијата која вчера ја објави „Нетпрес“ дека 30 припадници на „тигрите“ биле преместени во кучкара, а и на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, која обвини дека припадници на ЕСЗ „Тигар“, како и од Единицата за брзо распоредување се деградираат. МВР тврди дека ова се шпекулации, но потврди дека промени имало.

По денешната прес конференција на политичка партија, на која што беа изнесени целосно неточни и тенденциозни наводи околу наводно “деградирање и шиканирање“ на припадници на Единицата за специјални задачи при што сето тоа било правено без “никаков респект и причина“, МВР мора уште еднаш, во интерес на граѓаните и на вистината, категорично да ги отфрли ваквите неточни, а крајно манипулативни наводи. Како и пред неколку недели, кога МВР ги негираше целосните невистини за наводната кадровска промена во врвот на ЕСЗ, што и практично се покажа како злонамерна “сензационалистичка“ шпекулација, така и сега ја информираме јавноста дека во МВР е завршено времето на партиско-политичките или кои било други “интересни“ критериуми за професионално работење и напредување во организационите структури на македонската полиција, велат од министерството.

Од таму потврдуваат дека како и во сите други организациони единици при МВР, така и во ЕСЗ тековно и врз основа на потребите и проценките за извршување на работните задачи од надлежност на Министерството, се спроведува распоредување на вработени, а сето тоа строго согласно постапката утврдена во Законот за внатрешни работи и другите позитивни подзаконски акти и правилници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This