СМЕ ОДЕЛЕ КОН ЕВРОПА, НО НЕ СЕ ПРИМЕТУВА: Пендаровски се испофали од митинг во Кочани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, денеска учествуваше на настан организиран од младите на Кочани насловен „Заедно напред, заедно до целта“.

Тој истакна дека особено радува тоа што на сите средби кој ги реализирал повеќе од половина присутни се млади луѓе.

-Со забрзани чекори државата оди кон Европа, добивме покана за членство во најголемиот сојуз и очекуваме тоа да финишира до крајот на годината, со што ќе станеме полноправна членка на НАТО. До јуни, доколку продолжиме со реформското темпо, ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Со ова, се отвораат огромни можности за младите, стануваат достапни претпристапните фондови, а тоа значи и многу поголема мобилност на студентската популација. Тоа ќе придонесе за стекнување нови искуства, до европските образовни фондови, ќе доаѓате многу побрзо и полесно. Се учи на вредностите кои се доминантни. Полесно ќе можете од прва рака да ги видите тие вредности. Заедно напред, заедно до целта, до Европа и подобра иднина за младите- рече Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This