СМРТ НА МАКЕДОНИЗМОТ, СЛАВА НА СЕВЕРОТ: Што се ќе ја добие придавката Северна, доколку помине договорот со Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Божидар Димитров ја најави смртта на македонизмот, а неговата замисла полека но сигурно ја остварува Зоран Заев и неговата влада. Имено со Договорот со Грција конечно ќе се оствари замислата на јужниот сосед и ќе се целосно ќе се изгуби придавката македонски и Република Македонија, а нејзиното место целосно ќе го превзеде придавката Северна Македонија.

Лична карта, возачка дозвола, пасош, извод, свидетелство, диплома, сите овие споменати лични документи ќе го содржат терминот Република Северна Македонија. Промената на името и спроведувањето на одредбите од Преспанскиот договор ќе значи промена на парите, и промена во учебниците, промена ќе има и во имињата на институциите, а никаде во надворешна употреба нема да смее да се користи сегашното име на државата, Република Македонија.

Ова ќе значи целосна промена на идентитетот на Македонецот и целосна промена на сликата за Македонија. Македонија се откажува и од најславните моменти во својата историја, од обидите и успесите за создавање на независна и суверена Македонија, Македонија доколку го спроведе договорот се откажува од АСНОМ и Илинден.

Покрај откажувањето од историјата, идентитетот, културата, јазикот и националните малцинства во соседството, спроведувањето на договорот ќе чини огромна сума на пари. Имено договорот уште од самиот почеток ја чини Македонија неверојатни 3.5 милиони евра кои ќе се искористат за спроведување на референдумот, а се крати од клучни државни институции кои се огромен интерес за граѓаните. Со договорот се предвидува менување на таблите на државните институции, документи и патни исрави, сите документи во јавната администрација, полицијата, судовите, болниците, училиштата, факултетите, институтите и културните установи. Јасно е дека ова ќе ја чини државата милиони, ако не и милијарди евра.

Договорот со Грција е рамен на национална катастрофа на секое поле, финансиски, идентитетски, на ниво на држава и нација, а вакво анационално однесување не е видено од времето Коте од Руља.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This