СНАШКАТА НА ЛАСКОВА ВЕЌЕ ГИ ПОТРОШИЛА ПАРИТЕ: Синот на Ласкова се пофали дека станал многу популарен и богат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Боже, колку сум популарен и богат. Фала ви Тина Керкез и Цветанка Ласкова и секако, НАТО“, напиша синоќа на на фејсбук Горан Кан, синот на Цветанка Ласкова, советничката за култура на премиерот Зоран Заев, во стилот на еден поранешен пратеник на СДСМ од 90 -те кој се фалеже колку е „богат и среќен поединец“.

Постот на Фејсбук следуваше по информацијата која „протече“ во јавноста дека неговата сопруга, Христина Керкез,(снаа на Ласкова) односно нејзината фирма добила грант од околу 330.000 евра од Фондот за иновации и технолшки развој.

„Фокус“ вчера побара негов коментар за обвинувањата дека се случил корупциски скандал, односно дека фирмата добила 330.000 евра државни пари за фирма за која што наводно била стара само 43 дена, но не доби одговор. Станува збор за фирмата „Декодикс“ од Скопје, која од Фондот за иновации и технолошки развој добила грант од околу 330.000 евра, за проект насловен „Декодирај ме“.

Кан е популарен диџеј и син на  Ласкова, фолк пејачка и советничка за култура на Заев.

Ди-џеј Горан беше во центарот на вниманието и по повод НАТО прославата која ја организираше Владата, а на која беше еден од музичките учесници кој настапи во Битола.

„Не знам за другите, но мојот хонорар е нормален и далеку од голем. Бојкоти, вербални напади… Мислам дека јас не сум толку важен. Работа ми е да пуштам музика“ – ни изјави тој пред настапот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This