Снегот и маглата го отежнуваат сообраќајот – АМСМ со препораки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Ѓавато, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти АМСМ.

161080141306027302752484873772817o (1)

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег.

Магла со видливост до 50 метри има на Плетвар, а снег со слаб интензитет паѓа во Kрива Паланка, Дебар, Ресен, Ѓавато, Пресека, Железнец, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Делчево, Велес, Неготино, Кула и Петровец, додека слаб дожд врне во Удово и Гевгелија.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This