Снегот предизвика големи проблеми во Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големите врнежи од снег кои синоќа ја зафатија Албанија предизвикаа проблеми во сообраќајот, особено на главниот автопат кој ги поврзува североисточниот дел на земјата и главниот град Тирана.

vvv-21

Најголеми проблеми поради снегот има на делницата од автопатот кај тунелот „Тира“, каде снежната покривка достигнала 60 сантиметри.

Министерот за транспорт на Албанија, Сокол Дервиши изјави дека не ја исклучува можност од затворање на автопатот доколку врнежите од снег продолжат со ист интензитет.

Лошите временски услови предизвикаа проблеми и во околината Кукс каде имало прекини во електичната енергија, поради оштетувања на електричната мрежа.

Министерството за внатрешни работи на Албанија соопшти дека проблеми поради снегот има и во Корча и во Валона, а снежни врнежи има и во пристанишниот град Драч, што е ретка појава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This