СНЕГ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Возете внимателно – ова се последните информации за состојбата на патиштата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија.

sneg-pat-avtobus

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар и Кочани-Делчево-граничен премин Делчево.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This