Снег низ цела Македонија – еве каква е состојбата на патиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози,  со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

makedonija-pod-sneg-211302

Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Стража и Пресеска.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница  www.makedonijapat.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This