Снежана Конеска Руси во понеделник ќе ја одигра последната претстава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатата актерка и режисер Снежана Конеска Руси со која растеа многу генерации, во понеделник, на 25-ти ноември ќе ја одигра својата последна улога во претставата ,,Најкратките драми на светот” со која ќе го одбележи своето пензионирање.

Зад Руси има голем број на улоги во театарски претстави, а позната е и како филмска глумица и режисер. На јавноста и стана позната во далечната 1963 година, кога ги имаше своите почетоци на Детската радио драма во МРТ. Босилка Кочоска во „Ѕидот, водата“ на Живко Чинго, Девојката во „Димна Јуда град градила“, Ана во монодрамата „Ана Франк“, Агафја во гогољевата „Женидба“, Хава во мјузиклот „Свирач на покрив“, Нале во „Среќна нова 49“ се само дел од улогите кои ги одиграла Снежана Конеска Руси.

Во 2013 година таа одбележа јубилеј, 40 години на сцената и работење во театар центар во МНТ со улогата на Љубов Андреевна од „Вишновата градина“ на Чехов во режија на Трајче Ѓорѓиев. Ѓорѓиев исто така е режисер и на претставата ,,Најкратките драми на светот” со која Руси и официјално ќе замине во пензија во понеделник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This